Гудачкиот квинтет на Загрепската филхармонија вечерва пред публиката на „Охридско лето“

Гудачкиот квинтет на Загрепската филхармонија вечерва ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат Владимир Костов - прва виолина, Дуња Бонтек - втора виолина, Хивоте Тадезе -виола, Оливер Ѓорѓевиќ - виолончело, Илин - Диме Димовски-контрабас и Александар Иванов соло виолина.

„Изминатата пандемиска година кога бројни музичари беа спречени да концертираат, група членови на Загрепската филхармонија, запазувајќи ги сите мерки на заштита се собираат и одржуваат проби за да не дозволат да 'престане' музиката. Петте членови на ансамблот кои имаат долгогодишно искуство во камерното музицирање - за првпат заеднички започнуваат да 'комуницираат' во ваков состав, донесувајќи ѝ на публиката, а и на самите ним малку утеха преку универзалниот јазик на музиката. Иако постојат краток временски период, поради нивните индивидуални музички квалитети кои ги обединуваат во исклучително заедничко музицирање, тие многу бргу ги освојуваат симпатиите на музичката јавност“, велат од „Охридско лето“.

За настапот на Гудачкиот квинтет на ЗГФ на фестивалот „Охридско лето“ како прва виолина ќе гостува концерт-мајсторот на Македонската филхармонија Владимир Костов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.