Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд"

На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд" деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди.

В сабота, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов" на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган" на Вардан Тозија со почеток во 22:00 часот.

На Илинден, 2 август, со почеток од 20:00 часот во Амфитеатарот во Ресен, концерт ќе има етно составот Љубојна, а по нив следува акустичен концерт на Слаткаристика.

Влезот за сите посетители е бесплатен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.