Премиера на краткометражниот филм „Северен пол“

По светската премиера во Официјалната селекција во Кан на најпрестижниот светски филмски фестивал, регионалната премиера во Сараево, италијанската премиера на фестивалот „Конкорто“ во Пјаченца и македонската премиера на фестивалот „Браќа Манаки” во Битола, денес во МКЦ Парк скопската публика ќе може да го види филмот „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска.

По оваа проекција следуваат учества и во официјалните селекции на фестивалите во Тирана, Рекјавик, Батуми и други реномирани фестивали.

Главните улоги ги толкуваат: Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија Владимир Самоиловски, костимограф Билјана Гргур, сценограф Кирил Спасески, монтажер Драган Вон Петровиќ, шминка Горан Игњатовски, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг-директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Филмот е во продукција на „Кино око” во копродукција со „Сервија филм” и „Форгрејд” од Србија и „Тиволи продукција” од Унгарија. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и Српскиот филмски центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.