„Мулен Руж! Мјузикл“ триумфира на годинешните Тони-награди

Новата сценска адаптација „Мулен Руж! Мјузкл“ победи во 10 категории на синоќешното доделување на престижните театарски награди „Тони“.

Четиричасовната церемонија што ја слави американската театарска индустрија се одржа во Њујорк во неделата, со доцнување од повеќе од една година поради пандемијата.

Преставата „Мулен Руж! Мјузикл“ освои награди за сценографија (сценски дизајн), костими, осветлување, дизајн на звук, додека Дени Бурстајн ја освои наградата за најдобар спореден актер . Соња Таје ја освои наградата за кореографија во своето деби на Бродвеј, а Алек Тимберс го освои трофејот за најдобра музичка режија.

Наградата за најдобар актер заврши во рацете на Арон Твејт за неговата улога во мјузиклот, што не е за изненадување бидејќи тој беше единствената личност номинирана во таа категорија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.