„Заробениот ветер“ - нова претстава на театар „Сенки и облаци“

Оваа сабота, 16 октомври, во 19 часот ќе се одржи премиерата на новата претстава на театар „Сенки и облаци“ насловена „Заробениот ветер“.

Во нов театарски формат - кутија и интимна атмосфера од само четворица во публиката, ова седумминутно доживување ја разгледува темата на загадувањето на природата низ призмата на една птица.

Премиерата ќе се одвива во независниот уметнички простор на театар „Сенки и облаци“ во Дебар маало, каде претставата ќе биде неколкукратно изведена, а во согласност со пропишаните протоколи за настани од јавен карактер.

„Заробениот ветер“ е наменета за сите мали и големи деца кои се љубопитни да ѕирнат во кутијата со сенки, а влезот е бесплатен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.