Премиера на балетската претстава „Жизел“

На сцената на Националната опера и балет, на 30 октомври, со почеток во 20 часот, по 22 години, со обновена верзија ќе се одигра балетската премиера „Жизел“.

„Жизел“ - магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам.

Адаптацијата на кореографријата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, според кореографијата на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Пасариќ е хрватска примабалерина со богата домашна и меѓународна кариера, како и поранешен директор на Балетот на Хрватско народно казалиште (ХНК) во Загреб.

На премиерата со оркестарот на Национална опера и балет ќе диригира маестро Иван Еминовиќ. Костимите се дело на нашиот со години веќе соработник, познатиот костимограф Александар Ношпал, кој за оваа балетска премиера заедно со Михајло Стојановски ја изработи и сценографијата. Репетитори се Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење заштитна маска.

Билетите се пуштени во строго ограничен број.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.