„Последната лента на Крап“ и за разговорите за претставата

Проф.д-р Ана Стојаноска, театролог и писателка за претставата „Последната лента на Крап“

„Театар не постои без публика. Како што и е важна претставата на публиката, така публиката (треба да) им е важна на театарските уметници. Идејата на актерот, режисер и продуцент Ѓорѓи Јолевски на претставата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, (изведена на малата сцена на Македонскиот народен театар), да разговара со публиката после изведбата ја прифатив непосредно и искрено, затоа што и повеќе од потребно во денешно време ни е да комуницираме и со претставата, но и претставата со нас. Од срце му благодарам на Ѓорѓи за можноста да споделиме размислувања, да поставиме прашања, да си ги размениме емоциите (затоа што, верувајте ми имаше емоции од сите страни, а ќе речете се игра претстава на апсурд) и истовремено и претставата, но и разговорот ме поттикнаа да напишам рецензија која ќе биде објавена деновиве.

„Последната лента на Крап“ е претстава што треба да се види, претстава за која треба да се разговара и претстава која уште долго ќе остане во нашата и интимна и колективна меморија, затоа што ни го покажува театарот во неговата соголена суштина – како исклучително моќен емотивен однос меѓу актерот и публиката.“

Со изјавата на проф.д-р Ана Стојаноска, театролог и писателка, МНТ ја најавува следната изведба и разговор со првенецот на МНТ, Ѓорѓи Јолевски, како и гостинот Владимир Јанчевски, историчар на уметност, куратор и преведувач и драматург на претставата, на тема: „Македонскиот јазик во преводот на 'Последната лента на Крап' и фазите на подготовки во општествените околности“.

Изведбата и 30-минутниот разговор се закажани на 3.11. на малата сцена со почеток во 20:00 часот, а публиката има можност билетите да ги купи онлајн преку веб-страницата http://www.mnt.mk





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.