Ретроспективна изложба на Дороти Пачкова во Куманово

Денеска, со почеток во 14 часот, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, ќе биде отворена ретроспективната изложба на Дороти Пачкова - Retroactive retrospektive. Изложбата содржи триесеттина акрилици, слики, фотографии, документи од сите творечки фази на авторката Пачкова, а целиот проект е подржан од страна на Министерството за култура. Поставката ќе биде достапна за посетителите до 9 ноември.

Проектот Retroactive - retrospective - ретроспективна изложба на Дороти Пачкова подразбира едно сублимирано резиме на досегашната творечка активност на оваа авторка на полето на визуелните уметности. Притоа, ќе го користиме хронолошки документарно-илустративниот приод сметајќи дека така најдиректно ќе ја претставиме оваа артистка. Се разбира дека просторот што го имаме на располагање не дозволува комплетно и сеопфатно во детали претставување на Пачкова, туку само истакнување на најзначајните јавни настапи и нивна кратка анализа. Иако се работи за млада авторка, зачудува фактот дека во нејзиното портфолио среќаваме многу активности и јавни настапи во повеќе мултимедијални области од сферата на уметноста и општествениот живот, невладиното граѓанско организирање и дејствување, како и актуализирање проблеми од областа на социјалниот сегмент. Секако, нашиот фокус ќе биде насочен кон активностите поврзани со визуелните уметности и реализираните проекти на Дороти Пачкова, кои оставиле трага во реалниот и дигиталниот простор.

Дороти Пачкова е родена 1985 година во Скопје, Македонија. По завршување на средното уметничко училиште во Скопје, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Катедрата по сликарство, во класата на проф. Жанета Вангели. Магистрира на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, насока родови студии, под менторство на Катерина Колозова и коменторство на Бранимир Јовановиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.