Аудио-визеуелен настан: Дестилација на бои и звуци

Вечерва (10 декември) со почеток во 20 часот, во галеријата на Факултетот за ликовни уметности - комплекс Педагошки факултет, ќе биде отворен уметничкиот настан Дестилација на бои и звуци, чиј автор е визуелниот уметник Стефан Шашков.

Станува збор за експериментален аудио-визуелен настан на кој посетителите ќе имаат прилика да земат активно учество во самиот настан, па врз поставените платна тие ќе имаат прилика да извршат свои ликовни интервенции.

 

 

На настанот со свој музички дел ќе настапат Дориан Јовановиќ - Axiotomic & Стефан Шашков - IXgram.

Изложбената поставка на настанот ќе биде отворена за публиката се до 17-ти декември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.