Најдобриот филм за млади според Европската филмска академија на „Џифони филмски денови“

Фестивалот „Џифони Македонија“ на шестата серија од „Џифони филмски денови“ ќе го прикаже италијанскиот филм за деца „Мојот брат брка диносауруси“ в сабота (21 мај) во 10 часот во Кинотеката.

Снимен според бестселерот на Џакомо Мацариол и ја освои наградата за најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. Станува збор за италијанска семејна драма комедија во режија на Стефано Ципани. Во филмот игра и шпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот режисер Педро Алмодовар.

Филмот е приказна за двајца браќа, постариот Џек и помалиот Џио, кој станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат, како што се суперхероите од стриповите. Со време Џек ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром и одлучува ова да го чува како тајна…

„Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. По секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од петто одделение нагоре, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија.

По дискусијата на филмот, во 12 часот ќе почне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.