Концерт на Next to Silence во Музејот на вода
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 19 Мај 2022
В недела, на 22 мај, џез составот Next to Silence ќе одржи концерт на едно од најмагичните места на Охридското Езеро, а на кое се наоѓа археолошкиот локалитет Плоча-Миќов Град.
Концертот, кој се организира во соработка со Завод и музеј - Охрид и Центарот за истражување на предисторијата, ќе се изведе на реконструираната наколна населба во рамки на Музејот на вода кај Градиште. Добредојдени се сите што сакаат да слушнат и видат како звучи и изгледа овој спој на џез музика и предисторија во епскиот амбиент на Заливот на коските.
На овој настап Next to Silence ќе изведат авторски дела од нивниот албум, како и композиции од реномираната издавачка куќа ЕСМ коишто целосно се вклопуваат во природниот амбиент на заливот. Концертот ќе биде бесплатен, а за влез во Музејот на вода се наплаќа билет од 120 денари.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс