Концерт на акустичното трио „Good Habits"

На 14. јуни 2022 година, во 20 часот во Култ парк (паркот пред КИЦ-Скопје) следи концерт на акустичното трио „Good Habits"

Според најавите, ќе бидат отсвирени познати и култни песни на повеќе јазици, повеќе култури, преточени во акустични аранжмани на македонски музичари.

Триото „Good Habits“ е оформено во 2021-ва година во Скопје и изведува музика од повеќе жанрови: џез, фанк, блуз итн. Членовите се активни во македонската музичка сцена повеќе од 12 години со повеќе групи и проекти.

Членови: Кристијан Гиноски - Вокал, Иван Петровски - Гитара, Дејан Митровиќ - Бас Гитара.

Кристијан Гиноски e независен артист од Скопје. Примарно се бави со пеење и свирење на гитара, а има членувано во повеќе бендови како бас гитарист. Активно настапува од 2010-та година, со огромен број на акустични настапи, како и настапи со цел бенд. Има учевствувано на повеќе фестивали и настани, дел од нив се: Скопје стрит фестивал, два трибјута на бендот “Pink Floyd”, интернационални настапи во Малта и Чешка. Настанот би се состоел од акустични изведби на песни од повеќе краеви на светот. Изведбата ќе биде со акустичен состав Кристијан Гиноски Трио. Настапува со двајца дипломирани музичари, Дејан Митровиќ - бас гитара и Иван Петровски - акустична гитара.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.