Костдиновска-Стојчевска во Брисел: Младите во фокусот на ширење на културата преку ЕУ проекти

Младите таленти ќе ја промовираат културата и ќе го негуваат културното наследство преку добрата практика на транснационалната културна соработка меѓу Република Северна Македонија и Европската комисија, се согласија министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска и генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, кои се сретнаа во Брисел, Белгија.

Соработката ќе продолжи и во рамките на Програмата „Креативна Европа“, активностите во Агендата за Западен Балкан и Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија каде што Република Северна Македонија има голем број искуства на квалитетни проекти, особено во програмите за прекугранична соработка.

„Задоволни сме од резултатите постигнати со спроведувањето на претходниот циклус на Програмата „Креативна Европа“ преку што Министерството за култура дава поддршка на современите предизвици со кои се соочуваат културните и креативните сектори. Имаме реализирано национално учество за последните две години од страна на Министерството за култура и Агенцијата за филм за потпрограмите Култура и МЕДИА во износ од 313.000 евра, а ко-финансирани од наша страна како министерство за 2021 и 2022 година се 20 проекти во висина од 166.683 евра. Оваа година ќе се отворат и две нови програми од страна на ЕУ, за кои како земја може да аплицираме, едната програма е за индивидуалци или група на млади таленти во културата и другата програма е наменета за граѓанските организации кои се активни и сакаат да дадат придонес во културата“, истакна министерката.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека нашата држава активно учествува во новата програма 2021 – 2027 и изрази уверување дека Северна Македонија останува партнер на Европската комисија не само во посветеноста за техничка помош кон олеснување на пристапот кон програмата, туку и со значителна финансиска поддршка на македонските корисници преку механизмот за кофинансирање на Министерството за култура и Агенцијата за филм.

На средбата беа разгледани и резултатите од иницијативите и активностите во рамките на остварувањето на Агендата за Западен Балкан на ЕУ – Култура.

- Oсобено радува фактот што на претстојниот министерски состанок во Тирана, закажан за 27 и 28 јуни, за прв пат ќе се воспостави платформата за култура во рамките на оваа агенда. Токму преку оваа платформа која е со цел обединети во различноста ќе произлезат конкретни регионални проекти кои ќе придонесат кон подобрување на социо-економскиот и културниот развој и препознатливост на самиот регион во рамките на европското семејство, рече министерката за култура.

Тие исто така разговараа и за Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, каде што има одличен интензитет на зближување на професионалците, културните работници и општините, благодарение на нивното заедничко дејствување под покровителство на Европската Унија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.