Нова поетска книга од Христо Петрески

Издавачката куќа „Македонија презент“ од Скопје ја објави новата поетска книга „Триод, триади“ од Христо Петрески. Книгата содржи вкупно 80 песни во кои се опеани теми од секојдневието, современоста, егзистенцијата, делникот, иднината.

Христо Петрески негува концизен и лапидарен исказ, па и сите песни во книгата се од три строфи, односно се во форма на триади. Во духот на тој од авторот таканаречен триод се испишани стихови создадени за време на пандемијата, кога творците во изолација беа главно свртени кон себеси и интензивно создаваа свое ново творештво.

Инаку, со оваа поетска книга Петрески го заокружува својот творечки поетски циклус создаден во карантински услови поради вирусот Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.