Утревечер, почнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“, во организација на дискографската куќа „ПМГ џез“, и ќе трае до 20 мај.
 
В понеделник, 22 мај, со почеток во 20 часот, во концертната сала на Филхармонија заеднички концерт ќе одржат Младинскиот оркестар на Европска унија (EUYO) и оркестарот на европскиот изведувачки институт „Фаме’с“ кој работи во Скопје.
 
Агенцијата за филм врз основа на донесена одлука од страна на Управниот одбор поднесе кривична пријава против продукцијата на режисерот Милчо Манчевски, „Банана Филм“ – Скопје.
 
На 24. Интернационален театарски фестивал на монодрамата во Битола Македонскиот народен театар учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ, која ќе се одигра на 15 мај на големата сцена во Центарот за култура.
 
Во организација на НУ Охридско лето а по повод Денот на македонскиот јазик вечерва со почеток од 20 часот во црквата Св. Софија ќе се одржи авторски концерт на Љупчо Коскаров заедно со Марина Јаневска – сопран, Илија Белистојаноски – тенор, Иван Трајковски – виолина, Филип Михајловски – канон и Дарко Мариновски – пијано.
 
Вчера во зградата на Европскиот парламент во Брисел беше отворена изложбата „Заедно II“, која се организира во соработка помеѓу Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Северна Македонија.
 
В петок, на 5 мај, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се „Унгарски танц“ бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер.
 
Инцидент се случил во Музејот на уметност Лиум во Сеул кога студент по уметност извадил банана од уметничката инсталација „Комедијан“ на италијанскиот визуелен уметник Маурицио Кателано и ја изел.
 
Седмото издание на целодневниот џез хепенинг под наслов „Today It’s All About Jazz“, организиран од страна на Здружението за џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, ќе се одржи денеска со почеток во 13 часот во паркот „Ибни Пајко“.
 
Досегашниот директор, актерот Симеон (Мони) Дамевски, на денешното свечено собрание на Друштвото на филмските работници (ДФРМ), со мнозинство гласови од присутните членови, повторно е избран за директор на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Дамевски ја извршуваше директорската функција од јуни 2021 година, а според статутот на ДФРМ, неговиот нов мандат ќе важи за следните две изданија на Фестивалот во Битола.
 
Утре со почеток во 19 часот во КСП Центар-Јадро предавање ќе одржи професор Алесандро Ола на тема „Уметноста на звучните пејзажи во современата изведба”
 

Сергеј Андреевски со неизложени хартии во Грција

Во петок, 21ви Април со почеток во 19 часот, во општината Каламариа во Солун, свечено ќе биде отворена самостојна изложба на Сергеј Андреевски со наслов: „Неизложени дела на хартија“.
 
„Шпегавец“ е трета книга на Прокопиев преведена на словенечки, по „Пловидба кон Југ“ (2008, Апокалипса, превод: Намита Субиото) и „Делфин“ (2020, Апокалипса, превод: Тим Сенчар)
 
Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја имаше и италијанската премиера, во селекцијата на Меѓународниот филмски фестивал во Бари.
 
Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, од пред неговата кодификација.
 
Светски познатата пијанистка Лола Астанова на 2-ри јуни ќе настапи во Македонската Филхармонија. Единствена по својот музички израз, позната по иновативната аудио-визуелна изведба на пијано, екстремниот број следбеници на социјалните мрежи, но и голем број обожаватели ширум светот, Лола на Скопје ќе му приреди, ексклузивен и интимен концерт, вели организаторот.
 
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО.
 
Првпат регионалната иницијатива „Нови лица 2023“ (NEW FACES 2023), по минатомесечниот отворен повик, ги избра десетте надежни млади музички професионалци (под 30 години), кои активно се вклучени во музичката индустрија во регионот на поранешна Југославија. Меѓу десетте избрани професионалци на четири регионални фестивали и конференции, македонската музичка индустрија ќе ја претставуваат Нела Пешовска од „Пасворд продукција“ и Ерик Омерагиќ од Младинскиот културен центар.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.