(Видео) Со највисоки државни и воени почести Пендаровски го пречека претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на Македонија.

 

 

 

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Теми на разговор беа севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Австрија, можностите за нивно продлабочување со акцент на економската соработка, текот на европските интеграции на нашата земја, како и отворените прашања на Западен Балкан и состојбите во поширокиот регион.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен да одржат заедничка прес-конференција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.