Османи свика засилен состанок на Постојаниот совет во Виена
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 26 Септември 2023
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска е во работна посета на Виена, каде што на негово барање се одржува засилен состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ.
На состанокот ќе бидат отворени прашањата поврзани со предизвиците на организацијата, актуелните состојби во регионот на ОБСЕ и други.
Во рамките на својата посета, Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, ќе се обрати и на специјален настан посветен на управувањето со ризици од катастрофи со тема „Солидарноста на Скопје пресликана низ регионот на ОБСЕ: Учење од минатото за соочување со денешните заеднички предизвици“, а ќе ја посети и изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста Скопје“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс