„Владата нема решение – СДСМ ќе предложи вистински мерки за намалување на цените на производите“, велат од опозициската партија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Ноември 2024
„Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните“, соопшти СДСМ,
„Мерката за замрзнување на маржите требаше да биде спасот од високите цени но се покажа како големо промашување. Цените во маркетите не се намалија, во најголем дел цените останаа исти. За симболични 57 денари се намали потрошувачката кошничка за граѓаните за еден месец, ете толку „заштедија“ граѓаните за еден месец.
Поскапувањето на цените се голем товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари. Тоа е резултатот на погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ.
Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња и затоа СДСМ ќе поднесе законско решение за вистинско намалување на цените.
Ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. СДСМ е тука за граѓаните и ќе продолжиме да се бориме за подобрување на стандардот“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс