Министерот Перински во посета на Радовиш: „Создаваме иднина“ - југоисточен енергетски ефикасен регион

Општините Радовиш, Конче и Василево постигнаа енергетска ефикасност како резултат на проектот „Одржлив и рамномерен регионален развој“ фаза 2 кој го реализира Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцаријаа во чии рамки досега се поставени фотоволтации на две локции на подрачје на Радовиш во насока на создавање на енергетски ефикасен регион.

 

Денеска, министерот Златко Перински беше во посета на Општина Радовиш каде заедно со градоначалникот Ацо Ристов, градоначалниците на Конче и Василево, Златко Ристов и Славе Андонов ги посети објектите на кои се поставени фотоволтаичните системи, а ги слушна и досегашните позитивни искуства од имплементацијата на проектот.

 

Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, истакна дека благодарение на поддршката на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија, Општината со соседните општини Конче и Василево целосно го аплицирала проектот кој за нив е од големо значење.

 

„Ме радува што сум домаќин на овој мега невообичаен проект со кој значително ќе ги намалиме трошоците, зголемиме енергетската ефикасност, а добивките ќе може да ги реинвестираме во инфраструктура и други приоритети од интерес на граѓаните. Генерално ќе имаме големи заштеди и повеќекратен бенефит“, истакна Ристов.

 

Општините Василево и Конче ќе користат по 25 отсто од произведената електрична енергија, чии градоначалници, Славе Андонов и Златко Ристов, изразија голема благодарност за поддршката на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

 

Според министерот Перински, овој проект е одличен пример како може да се искористат 300 просечни сончеви денови во југоисточниот регион. 

 

„Ова претставува клучен фактор за одржлив развој, за унапредување на животниот стандард со оглед на тоа дека со овој проект се создаваат услови за намалување на потрошувачката на електрична енергија што директно влијае на економскиот раст. Во случајов, не само што го промовираме користењето на обновливи извори на енергија, туку овозможуваме долгорочна енергетска сигурност што влијае и на унапредување на квалитетот на живот. Ова е и одличен пример за меѓуопштинска соработка и сметам дека може да се реплицира и во други општини и региони. Со имплементацијата на овој проект се вклучуваме и на трендот за искористувањето на обновливите енергетски потенцијали за зачувување на природната околина, а позитивно влијаеме и на енергетските состојби во целата земја“, посочи Перински.

 

Според Ѓоко Камчев, директор на Центарот за развој на Југоисточниот регион, со овој проект е направен голем чекор за иднината, за создавање енергетски ефикасни општини со што драстично се намалуваат трошоците за електрична енергија. Тој ги охрабри останатите локални единици и региони, да го следат примерот на овој проект во насока на поефикасни општини во однос на енергетската ефикасност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.