Какво време не очекува во декември
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 23 Ноември 2024
Според прогнозите не очекува студен и сув декември, со температури кои ќе се спуштат под нулата.
Првата половина од месецот ќе биде сончева и студена. Утринските температури ќе се движат до минус шест степени, додека дневните температури во првата седмица ќе се искачат до осмиот степен, а во втората седмица ќе бидат малку над нулата.
Во втората половина на месецот, минусните утрински температури ќе се задржат, а дневните температури ќе бидат помеѓу 0 и 5 степени.
Последната седмица од годината ќе донесе облачно, но стабилно време, со благ пораст на дневните температури. Почетокот на новата година ќе биде потопол, со можни врнежи од дожд. Снег ќе има дури следната година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс