Илиријан Асани, бодибилдер: Сакам да ѝ донесам успех на Македонија

Станувам во 5.30 наутро, правам кардио вежби, одам на работа, потоа повторно вежбам еден до два часа. Јадење, спиење сè треба да е на време. Потребно е да ја мериш дури и водата, раскажува Илиријан Асани во разговорот за Глас на Америка

 

Илирјан Асани е младо момче од Струга. Тој веќе две години е најдобриот македонски бодибилдер. Првак е на Северна Македонија во бодибилдинг, во дисциплината „Men`s Physique Senior“.

Тој не само што е најдобар во земјата, туку полека но сигурно ги освојува европските и светски височини.

 

Илирјан Асани од Струга се искачи меѓу најдобрите во светот на бодибилдингот 

 

Неодамна се врати од светското првенство во Барселона, каде го освои петото место, откако претходно го освои второто место во неговата категорија на престижниот Арнолд Класик Фестивал што од 10-ти до 13-ти октовмри се одржа во Мадрид, Шпанија, чиј што организатор беше светски познатиот актер, Арнолд Шварценегер.

Сакам да ѝ донесам успех на МакедонијаИлиријан Асани, бодибилдер

„Учествував на европското првенство во Мадрид, каде освоив второ место, во категоријата „Men`s Physique“. Потоа имав натпреварување во Битола, каде во две категории зедов прво место. Следуваше натпревар во Скопје, каде исто така освоив прво место. И на крајот светското првенство во Барселона, на почетокот на месец номври, каде во многу силна конкуренција освоив петто место. Тоа значи дека и на светско ниво сум во топ шест“, вели Асани.

Вели дека овие награди му се особено драги, бидејки ги освоил во многу силна конкуренција.

 

По неколку часа во текот на денот поминува во вежбање
По неколку часа во текот на денот поминува во вежбање

 

„Тешко беше многу, имаше многу силна конкуренција. На европското првенство имаше повеќе од 1.000 натпреварувачи во сите категории,а исто така и на светското првенство. За мене, прв пат што излегов на европско и светско првенство, ова беше многу голем предизвик. На европско првенство да се освои второ место за мене е голем успех, бидејќи во мојата категорија имаше повеќе од 120 натпреварувачи“, вели Асани.

Завршив факултет, немав работа, почнав да работам во теретана и од таму сè почна Илиријан Асани, бодибилдер.

Категоријата во која тој настапува, „Men`s Physique“ се разликува од останатите, по многу нешта.

„Во оваа категорија треба да си многу симетричен, да немаш многу мускули, не треба да си голем, туку да изгледаш убаво. Во Македонија нема многу натпреварувачи во бодибилдинг. Секој ден е сè послабо. Можеби има околу 25 натпреварувачи. Треба да има повеќе, младите да се фокусираат повеќе на спорт, и да се натпреваруваат“, посочува Асани.

Го прашавме Асани, што е потребно за да се биде врвен бодибилдер.

„Потребно е повеќе дисциплина. Затоа што мотивација можеш да имаш една недела, две, три недели, но ако немаш дисциплина тогаш ништо не може да се постигне. Јас почнав на 13 мај да се подготвувам за натпревари, до ноември тоа се шест месеци. Станувам во 5 часот и 30 минути наутро, правам кардио вежби, одам на работа, потоа повторно вежбам еден до два часа. Значи цел ден треба да си изолиран. Јадење, спиење се треба да е на време. Потребно е да ја мериш и водата што ја пиеш, и солта, буквално како да си робот. Пред да почнеш да се подготвуваш за натпревар, треба да се изолираш од семејстовото, пријателите и се останато“, вели Асани.

 

Плановите на Асани се да се искачи на врвот во неговата категорија
Плановите на Асани се да се искачи на врвот во неговата категорија

 

Неговите планови се за својата татковина во иднина да донесе прво место од европските и светски првенства.

„Мислам во 2026 година да се натпреварувам пак. Овие второ и петто место од светското првенство, сакам да бидат прво место и успех да ѝ донесам на Македонија“, категоричен е Асани.

Вели да се биде професионален бодибилдер, е сосема поинаку, од она рекреативно да се посетува фитнес центар.

„Јас вежбам веќе 10 години, но кога излегуваш да се натпреваруваш тоа е сосема нешто друго. Завршив факултет, немав работа и почнав да работам во друга теретана. И од таму сè почна и дојдов до овде“, раскажува Асани.

Тој има и порака до младите. Повеќе да спортуваат и да се грижат за својот изглед.

„Да се почне да се вежба. Повеќе време да се тука, а не во кафетерии. Јас сум овде и сакам да им помогнам како да се хранат, како да вежбаат. Не е како што треба, но сепак има интерес од младите“, советува Асани.

Илирјан Асани, покрај професионален бодибилдер, тој е и фитнес инструктор, личен тренер, но и вистински амбасасдор на својот роден град, Струга.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.