Спорт за сите - инклузија на лицата со инвалидност во спортскиот живот

Спорт за сите

Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија минатата година го започна проектот Спорт за сите во рамките на Ерасмуз плус спортската програма, чија цел е да се промовира потребата од спорт и телесна активност за лицата со инвалидност. Проектот ќе трае до 30 јуни, а во него се вклучени партнери од Италија, Австрија, Словенија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија.


Како што истакна проект менаџерот, Бранимир Јовановски, целта на овој проект е да се вклучат во спортот лицата од 15 до 29 години, кои се соочуваат со некаква физичка попреченост.

 

Телесното вежбање и спортот не се резервирани само за здравите лица, додава Јовановски, нагласувајќи дека лицата со инвалидност имаат дури и поголема потреба за вежбање од здравите лица. При изборот на спорт важно е правилно да се изберат спортските дисциплини кои поволно делуваат на целиот организам и ја зголемуваат мускулната сила, подвижноста, еластичноста и координацијата на движењата. Спортот, покрај за физичкото здравје, игра голема улога и за емоционалната состојба на лицето со инвалидитет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.