МТСП: Работиме на расветлување на случајот со каснатото 11-месечно бебе

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека е запознато со случајот за каснатото 11 месечно бебе во скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин, и работи на расветлување на случајот. Од Министерството не исклучуваат можност за дисциплинска постапка доколку постојат елементи за таков престап.

 

- Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап, наведуваат од МТСП.

 

Воедно, од Министерството појаснуваат дека поради намалениот број деца во јавните установи за деца - детски градинки, во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални, следствено на возраста да се згрижуваат во помал број занимални, но тоа, наведуваат, не значи и зголемен број на деца во занималните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.