Промена на времето, од утре заладување со утрински температури околу нулата

Од утре температурите во Македонија ќе опаднат за 10 до 15 степени, а од среда наутро утринските може да паднат и околу нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Времето, информираат од УХМР, ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.

 

Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.