Во Штип трибина за придобивките од ЕУ ориентираното земјоделство

Огромен пазар и извесна аграрна политика дефинирана седум години однапред, се само некои од поридобивките за земјоделството од членството во ЕУ, беше речено на денешната трибина во Штип што ја организираа граѓанската иницијатива „Зачекори напред“ и ЗЗП „Агропродукт“. 

 

Проектниот менаџер на Рурална коалиција, Елизабета Ристеска - Мрческа, информира дека за периодот 2021-2027 година за земјоделство се проектирани 375 милијарди евра или 40 отсто од вкупниот буџет на ЕУ.

 

Според генералниот секретар на последната работна група за регионален и рурален развој за Југоисточна Европа Бобан Илиќ, пак,  влезот во ЕУ е повеќе предзивик за институциите, отколку за земјоделците.

 

- Треба да се усогласат законите и контролите на институциите согласно стандардите на членките на ЕУ. Во овој дел Македонија е доста напред во однос на останатите земји во регионот. Од друга страна, се работи за пазар од 500 милиони луѓе, истакна Илиќ.

 

На трибината „Придобивки и предизвици од ЕУ ориентирано земјоделство“ присуствуваше и градоначалникот Благој Бочварски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.