Оштетени два штаба на СДСМ во Куманово, приведено едно лице

Оштетени се стаклата на два одделни штаба на политичката партија СДСМ во Куманово. Случјот го потврдија и од МВР, од каде што информираа дека кај нив настанот е пријавен денеска во 10:40 часот.

 

Според МВР, искршени се по три прозорци на два штаба, едниот лоциран на улицата „Илинденска“, вториот на „Тоде Думба“. Во врска со настанот, соопштија од полицијата, приведен е 34-годишниот Д.С. од Куманово.

 

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека е запознаен за инцидентот и дека случајот уредно е пријавен во полиција.

 

- Оставам на истражните органи да го најдат сторителот и да одговара за тоа што го има сторено, изјави Димитриевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.