Промоција на анализа за процена на влијанието на регулативата од страна на министерствата

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) денеска ќе ја промовира Анализата за спроведувањето на процесот за процена на влијанието на регулативата (ПВР) од страна на министерствата во РМ во 2017 година“. 

 

Анализата е изготвена во рамки на проектот „Со квалитетен ПВР до подобро законодавство во РМ“, поддржан од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Центарот за економски анализи, а имплементиран од МЗМП.

 

- Анализата дава преглед на спроведувањето на процесот на ПВР од страна на министерствата во 2017 година и констатира значајни недоследности како од формална така и од суштинска гледна точка. Во таа насока, за шест закони воопшто не е спроведен ПВР, додека за осум постојат недоследности во некоја од фазите на ПВР; во најголем дел од случаите изостанува детален опис на проблемот кој бара потреба од измена или донесување ново законско решение и мошне ретко се користат статистички, демографски или податоци од научни и стручни студии, како и отсуство на детално образложение и анализа на влијанијата кои одреден закон или измена ќе ги има врз општеството, наведуваат авторите на анализата.

 

Проектот е финансиран од Европската Унија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.