Уште во бронзено време имало живот кај неготинско Тремник, покажуваат археолошките истражувања

Уште во бронзено време имало живот кај неготинско Тремник, покажуваат археолошките истражувања на локалитетот Мали дол. За ова денеска информираше Драгица Чекорова, директор на Музеј на град Неготино. 

 

- Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект “Археолошки истражувања на Мали Дол, селоТремник”, во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес, како резултат на соработката помеѓу НУ „Археолошки Музеј на Македонија“ и ОУ „Музеј на град Неготино“. Во рамки на овие археолошки ископувања пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи), појасни Чекорова за МИА. 

 

Сите погребувања од некрополата Мали Дол, нагласи, вклучувајќи ги и средновековните, укажуваат на нејзино долготрајно користење и континуитет во развојот. 

 

- Генерално, кога ќе се соберат сите релевантни факти како гробните ритуали, движниот археолошки материјал и антрополошките остатоци, можеме да реконструираме слика на постоење на една зедница од крајот на бронзеното време, кој со сите специфики припаѓаат на Уланечката културна група, додаде таа. 

 

Целата приказна е преточена во археолошка  изложба “Некрополите на Мали Дол“, од село Тремник, Неготино, финансирана од страна на Министерството за култура на Република Македонија,  според програмата за проекти од национално значење. Чекорова ја најави изложбата за во среда, во 13 часот. 

 

На изложбата ќе бидат претставени 54 предмети од археолошкиот локалитет “Мали Дол“ поставени во стаклени витрини, 4 банери и 1 рекламно пано.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.