Од утре забрана за тешки товарни возила поради градежни работи на патниот правец А2-Тетово-Гостивар крак-село Неговито

Градежни работи ќе почнат да се изведуваат од утре на патниот правец А2 Тетово - Гостивар крак - с. Неготино од осум до 16 часот, од понеделник до сабота во следните 20 дена, поради што тешките товарни возила нема да можат да го користат овој патен правец.

 

На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.