МСУ почнува со интердисциплинарната програма „Радикално образование”

Со предавањето на Стефан Данкомб, професор по културни студии на Њујорк Универзитетот, во САД в среда во  Музејот на современата уметност во Скопје започнува интердисциплинарната програма Радикално образование”.

 

Станува збор за интердисциплинарна програма за креирање критички модели на знаење, како и развој и промоција на теоретски пристапи и уметнички практики во и надвор од Музејот на современата уметност во Скопје. Како што соопштуваат од МСУ, Програмата има тематски фокус на области кои се однесуваат на современите уметнички практики и теорија, културните студии и историјата на уметноста, а нејзини автори се Тихомир Топузовски и Кумјана Новакова, соработници на Музејот на современата уметност – Скопје.

 

- Предавањето именувано „Уметноста на политичката имагинација” ја разгледува моќта на уметноста да ги визуелизира личните и политичките можности, земајќи ја уметноста како влијателно средство како за критика на светот онаков каков што е, така и како визура низ која светот може да се види онаков каков би можел да биде. Во своето предавање Данкомб ќе анализира одредени историски случаи каде уметноста и уметничките форми на активизам се користат во политички цели, како што се  примерите на советската авангарда, движењето за американските граѓански права и актуелни примери на уметнички активизам во целиот свет, посочуваат од МСУ.

 

Данком во неговата работа се фокусира на историјата на масовните движења, алтернативните медиуми како и поврзувањето на културата и политиката. Автор е на неколку книги, а уредник е и на зборникот текстови Cultural Resistance Reader (Verso, 2002). Тој е коосновач и кодиректор на Центарот за уметнички активизам.

 

Вп рамки на Интердисциплинарната програма „Радикално образование” на 29 и 30 октомври треба да се одржат и работилница и предавање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.