И во 21 век, жените од руралните средини се обесправени

Денеска се одбележува Меѓународен ден на жената од руралната средина. И во 21 век, жените од руралните средини во Македонија се соочуваат со потешкотии на секоја нивна потреба од здравствена, социјална и економска заштита.

 

Покрај тоа оневозможени се при остварување на нивните човекови права, и сето тоа поради недостаток на информации. Со цел надминување на овие пречки министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, со Националната федерација на фармери потпишаа Декларација за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини.  

 

Со оваа декларација потписниците се заложуваат за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, креирање и промовирање  мерки за зголемување на можностите за вработување од руралните средини, креирање  мерки за признавање на неплатениот труд на жените за грижа на семејството и друго. МТСП, во соработка со Министерството за правда и со Светска банка работи на законски измени со кои ќе се гарантира впишување во Централен регистар и на мажот и на жената за имотот стекнат во брак.

 

Со овие измени ќе се овозможи полесен пристап на жената до кредитите што ѝ се потребни за почнување сопствен бизниз. Во Mакедонија половина од жените се неактивни на пазарот на труд, а најголемиот дел од нив се од руралните средини. Но, тоа е така само по статистика. Ефектот на жените врз економијата е невидлив бидејќи работата што тие ја работат ниту им е платена, ниту некаде е евидентирана“, изјави министерката Царовска.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.