Со садење на дрвца одбележан Меѓународниот ден на белиот стап

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на белиот стап.

 

Во Република Македонија според ригистрите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија со оштетување на видот поголемо од 90 проценти живеат повеќе од 2550 лица. Бариерата и ѕидот околу нив кој е создаден полека се руши, но истите се навикнати да чекаат. Истата слика се повторува со години. Националниот сојуз на слепите на Македонија се залага за оставрување на сите човекови права на слепите лица, вклучувајќи го правото на писменост, образование, рехабилитација, вработување и адаптација на работната средина, независно живеење со помош на персонални асистенти и тифло-технички помагала, спортски и рекреативни активности како и пристап до информации.

 

Од Организацијата на обединетите нации овој ден  го искористуваат да укажуваат на тоа да се зголеми вниманието на јавноста кон нив, истовремено да обрнат внимание на пошироката јавност за слепилото и за проблемите со кои секојдневно се соочуваат слепите и слабовидните лица, да ги разбудат властите на секое ниво во општеството да земат учество и да овозможат фондови за превенција и едукација за слепилото, да обрнат внимание на јавноста, на граѓаните  за тоа кога последен пат направиле комплетен офталмолошки преглед.

 

По повод одбележувањето на овој ден во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид се одржаа повеќе активности. Учениците имаа организирано културно забавна програма, изложба на цртежи, креативни работилници.

 

Директорот на училиштето Горанчо Јакимов истакна дека се вложуваат големи напори за да им се обезбедат на учениците услови и образование какво што им е потребно.

 

 

Во рамки на одбележувањето на денот во училишниот двор беше промовиран проектот за овошна сензорна градина која ќе биде во функција на учениците во текот на целата година. Подржувачи на овој проект се Општина Гази Баба, Кисела Вода и Шумарскиот факултет а претставниците од овие институции денеска садеа овошни садници.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски истакна дека со подршката на овој проект треба да се грижат и са де создаваат услови и во останатите денови од годината.

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.