Утре санирање на дефект на опремата инсталирана во тунел 1 – Демир Капија

Утревечер во периодот од 23:00 до 00:00 часот ќе се извршува санирање на дефект на дел од опремата инсталирана во тунел 1 - Демир Капија, правец: Гевгелија – Скопје, соопшти ЈП „Македонија пат“.

Поради овие причини едната сообраќајна лента во тунелот ќе биде затворена во наведениот период. Во овој период брзината во тунелот ќе биде ограничена на 40 километри на час и сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.