ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ продолжува безмилосно да ги задолжува граѓаните

Eкономското цунами Заев и Тевдовски продолжуваат безмилосно да ги задолжуваат граѓаните на Република Македонија.

 

Вчера Владата на СДСМ ги задолжи граѓаните за нови 54 милиони евра, пари кои ќе треба да ги враќаме ние и идните генерации. Уште потрагично е што во наредните недели се планира раздолжување од 37 милиони евра, така што чисти остануваат 17 милиони евра за кој никој не знае каде ќе се потрошат.

 

Граѓаните не видоа никаква корист од овие задолжувања. Мизерија на секој чекор.

 

Ветуваа капитални инвестиции од 80%, а добивме реализација од само 21%. Потфрлија на секое поле. Кратат буквално од се. Не се гради речиси ништо. Нема нови инвестиции, нема нови патишта, нема нови болници, инфракструктура.

 

Црното економско трио Заев, Тевдовски, Анѓушев за неполни две години успеаја целосно да ја потопат македонската економија, а граѓаните да ги донесат на работ на преживување.

 

Речиси и да нема сектор во еномијата каде ситуацијата не е катастрофална. Растот на БДП како што го ветуваа дека ќе биде 4 или 5% останува само пуста желба на Заев. Дури и ММФ ги намали проекциите за раст на БДП на ниски 1.6% што не прави шампиони по најнизок раст во Европа.

 

Mакедонската економија колабира. од ден во ден запаѓа во се поголеми неволји, а власта се расфрла купувајќи лубриканти и делејќи милионски тендери на блиските соработници.

 

Ваквото однесување на СДСМ мора да престане. Сите непродуктивни трошоци да сопрат и конечно да почнат да спроведуваат политики кои се од интерес на граѓаните. Како најнеопоходна работа е да се намали акцизата на горивата зошто на долг рок е неиздржива ваквата ситуација не само за македонското стопанство туку и за граѓаните.

 

Секогаш кога СДСМ е на власт економијата ни е вистинска катастрофа.

 

Наместо да се фокусираат за тоа како да подобрат стандардот на граѓаните тие тераат пропаганда за неуспешниот референдум и како да го протуркаат на сила капитуланскиот договор со Грција.

 

Расипничкото трошење на парите на граѓаните мора веднаш да запре!

 

Македонија и македонскиот народ издржале многу тешки работи во минатото, а ќе ја издржат катастрофата наречена Зоран Заев и ќе го испратат во историјата. Македонија ќе победи.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.