Проект за подобрување на меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Зајакнување на меѓуетничката соработка и интеграција меѓу младите во образованието, преку овозможување простор каде тие критички ќе размислуваат и ќе учат едни од други. Ова е една од целите на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

 

Проектот го спроведуваат  Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Младинскиот образовен форум и Министерството за образование и наука. 

 

Координаторот на проектот Дејан Ризински изјави дека  досега произлегле различни идеи, како интеграција во спортски активности, еколошки акции за подобрување на локалните заедници, дискусии со градоначалници и со претставници од општините.

 

- Во оваа прва година од проектот успеавме да поддржиме повеќе од 400 заеднички ученички активности, јавни дебати, младински дискусии, креативни работилници, каде повеќе од 2.300 млади од различни етнички заедници  соработуваа и учеа едни од други, рече Ризински. Смета дека усепале да направат многу за младите, особено од маргинализирани заедници. 

 

Професорката Маја Вељковиќ Димковска од СОУ „Перо Наков“ од Куманово изјави дека во нивното училиште се спроведувала активноста „Разубави го градот“, во која учествувале многу ученици.

 

Таа соопшти дека нивните ученици сакаат да ги пренаменат старите и напуштени објекти во Куманово. Според учениците, на градот му се потребни кино, спортски сали, трговски центри.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.