Расправата за уставните измени во Собранието продолжува

Во Собранието на Република Македонија продолжи расправата за Предлогот за пристапување кон уставни измени. 

 

Ова е трет ден од расправата за предлогот, што до Собранието беше доставен од Владата на Република Македонија, а кој произлегува од Договорот од Преспа. Според информациите од Собранието, голем дел од пријавените пратеници за збор се повлекле, но сепак, гласањето најверојатно ќе се случи во петок. 

 

Пратеничката Јулијана Николова од ЛДП, истакна дека одговорноста сега е на пратениците и дека сите заедно 120 пратеници треба да застанат зад одлуката за НАТО и за ЕУ. 

 

Според Николова, најголем проблем на пратениците од опозицијата е партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ да не се поддржат уставни измени со цел промена на уставното име. 

 

Бранко Манојлоски од ДУИ предложи на секој, како што кажа, Вмровец кој ќе гласа за договорот државата да стои зад него, ама прво да гласа и да се амнестираат сите грешници. Се е економија, пари, рече Манојловски, кој рече дека треба да се гледа во иднината а не во минатото. 

 

Од пладне повторно беше затворен сообраќајот на булеварот пред Собранието на Република Македонија поради протест против уставните измени на помала група граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.