All for Joomla All for Webmasters

До крајот на годината пари треба да стигнат на вашите сметки!

Работодавачите треба да им исплатат на сите работници регрес за годишен одмор и за кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година.

 

Ако не го сторат тоа, може да добијат парична или затворска казна! Регресот за годишен одмор или познат како К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство.

 

Вработените во јавните институции се уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година.

 

Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата.

 

Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40% од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.

 

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, вработените во приватниот сектор во следните три месеци на своите сметки треба да очекуваат минимум 9.665 денари, а максимум до 14.190 денари.

 

Изминатата година, вработените кои чекаа исплата на К-15 до декември, од своите работодавачи добија износ од 9.300 до 13.675 денари.

 

Кој не треба да чека К-15 оваа година?

 

Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна.

 

Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции се уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година.

 

Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата.

 

Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40% од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.

 

По се изгледа дека К-15 оваа година нема да има за вработените во јавниот сектор бидејќи и покрај напорите на гранскиот синдикат во рамките на ССМ веќе неколку години наназад да се издејствува нов закон за работни односи во кој оваа бенефиција ќе биде задолжителна и за вработените во јавниот сектор – тоа се уште не се случи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.