Етиопската полиција пронајде масовна гробница со 200 тела

Полицијата во Етиопија откри масовна гробница во источниот дел на земјата со тела на околу 200 луѓе, јави ДПА.

 

Грабницата е откриена во текот на истрагата за Абди Мохамед, поранешен претседател на пограничниот регион Сомали.

 

Мохамед е осомничен за кршење на човековите права и се поврзува со специјалните полициски сили активни во регионот, за кои е познато дека вршеле насилства. Тој во моментов е во притвор.

 

Телата ќе бидат ексхумирани во текот на следните 14 дена, соопшти полицијата. Сé уште не е јасно од каде се луѓето ниту што им се случило.

 

Етиопските власти стравуваат дека стотици луѓе загинале за време на судирите меѓу неколку етнички групи во источните погранични региони во почетокот на август.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.