ДОМ предлага итни мерки против загадувањето на воздухот

Со цел да се намали загадувањето на воздухот во градовите,  ДОМ предлага серија итни мерки:

 

  1. Интензивни инспекциски контроли врз можните извори на штетни емисии, особено на индустријата, сервисите, дивите депонии и стрништата, од страна на државниот и локалните инспекторати.
  2. Набавка на опрема за снимање (телескопски камери) и поставување на високите објекти во градовите, за да се лоцираат изворите на штетните емисии, по примерот на Белград.
  3. Намалување на ДДВ-то за надоместокот за парно греење од 18% на 5% за да се зголеми бројот на корисници, а со тоа да се намали емисијата на РМ 10 честичките.
  4. Воведување посебна програма за квалитет на воздух во Министерството за животна средина и просторно планирање (со посебна буџетска ставка), за да се обнови мрежата на мониторинг станици, да се опреми акредитирана централна лабораторија и др. активности.
  5. Субвенции на домаќинствата за топлински пумпи, инвертер клима уреди и други чисти технологии.
  6. Замена на греењето со нафта во градинките, училиштата, здравствените и други јавни објекти со греење на гас, топлински пумпи и други чисти технологии.
  7. Воведување добра градежна пракса во градежништвото (оптимизација на работата на машините заради заштеда на горивото; покривање на песок и чакал со фолија; прскање со вода; миење на гумите на возилата и друго). Во деновите со екстремно загадување да се стопираат градежните работи во градовите.
  8. Во сообраќајот да се поттикне користењето на јавен транспорт преку:

 

* набавка на нови автобуси и воведување нови линии

* намалување на цената на месечен автобуски билет во зимските месеци за 50% и воведување на “зелен” дневен билет што важи за сите правци

* зголемување на цената за паркинг во општина Центар за 100%

* воведување на зонско паркирање и наплаќање на паркинг во сите општини

* подобрување на проточноста на сообраќајот и намалување на времето на чекање на раскрсници преку воведување на приоритетна лента за автобуси и управување со семафорите.

 

  1. Редовно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите сметлишта од страна на јавните комунални претпријатија.

 

Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира до граѓаните:

 

* да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво или медијапан

* да користат јавен градски транспорт и велосипеди

* при превоз со автомобил, да користат споделен превоз (повеќе патници во еден автомобил).

 

Сектор за односи со јавноста ДОМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.