ВМРО-ДПМНЕ: Институциите вчера беа злоупотребени во политички цели

Она што се случуваше вчера околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беше класична политичка хајка организирана од Зоран Заев и Оливер Спасовски.

 

ВМРО-ДПМНЕ беше вчера под полициска опсада и членови на ВМРО-ДПМНЕ беа претресувани и малтретирани на излезот од паркингот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ова вчера што се случуваше беше хајка и јавен линч на сите оние кои што не мислат како Зоран Заев и СДСМ и кои што мислат поинаку.

 

Вчера бевме сведоци на класична злоупотреба на институциите во политички цели. И медиумите и јавноста знаеја дека полицијата не бара никого во штабот на ВМРО-ДПМНЕ туку само врши притисок и заплашува.

 

Сомнителни лица беа праќани од МВР да ги вршат претресите и да заплашуваат народ, а до седиштето на партијата беа забележани и возила на воената полиција и кабинетот на Радмила Шекеринска од министерството за одбрана.

 

Па така Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски треба да одговорат, што бараа возила на министерството за одбрана до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и зошто се малтретираа членови на ВМРО-ДПМНЕ и недолжни граѓани?

 

Што бараа сомнителни лица од МВР околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и дали беа праќани луѓе кои се обезбедување на Радмила Шекеринска да учествуваат во притисокот врз партијата и членовите?

 

Ги повикуваме Внатрешната контрола на МВР да истражи како и кој ги извести медиумите за чекорите на МВР и тајмингот во кој ќе ги вршат претресите? За ова мора некој да одговара и да си даде оставка.

 

Го повикуваме Народниот правобранител да поведе постапка за ова недолжно малтретирање на семејството на Почесниот Претседател Груевски, и за малтретирањето на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои беше и генералниот секретар Игор Јанушев, за кој што сведочи и видео запис кој што вчера го имаа медиумите?

 

Заев кој е режисер на медиумскиот циркус што се случуваше вчера само сакаше да ги доисплаши сите оние кои мислат поразлично од него и од СДСМ. Верувајте дека бројката на тие луѓе е огромна, бидејќи никој не сака да има исто мислење како еден политичар аболиран за криминал како Заев кој единствено што знае е закани, уцени и антидржавно однесување и работење.

 

ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се жртви токму на неспособноста на аболицираниот Заев. Година и половина ја уништуваат сопствената држава и сето тоа го прикриваат со политички прогон кој вчера кулминираше и според нашите информации нема да престане и во наредниот период, а ВМРО-ДПМНЕ не планира да потпадне под притисокот и заканите на СДСМ.

 

Па така да повториме и да ве потсетиме уште еднаш, ако мислите дека ќе не заплашите, се лажете! Добро ве знаеме сите. Ќе дојде денот кога за ова ќе одговарате и вие кои го извршувате ова сценарио и оние кои што го нарачаа и организираа по наредба на Зоран Заев.

 

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.