О2 Коалиција бара итно вклучување на справување со загадувањето во Буџетот за 2019 или оставка од Владата

О2 Коалицијата за чист воздух од Владата бара итно вклучување на справување со загадувањето во Буџетот за 2019 година или оставка.

 

Во нивното соопштение тие наведуваат дека под итно бараат, Владата да го измени буџетот за 2019 година, во Владината програма - Унапредување на животната средина да се внесе посебна потпрограма - Справување со аерозагадувањето и најголем дел од средствата од собраните даноци поврзани со животната средина да се наменат за најгорливото прашање, аерозагадувањето. 


За една година во најзагадените градови воздухот може да се доведе во граници на дозволено годишно ниво.

 

Во спротивно бараат да си поднесат оставка и да остават простор најгорливиот проблем на граѓаните, заштитата на нивниот живот и здравје, да го остават на некој друг, кој искрено ќе се грижи за тоа.

 

- Најавата дека пари за оваа намена се проектирани, знаеме дека се проектирани, но овој пат не прифаќаме минимални средства, особено не кога над 150 милиони годишно се собираат како даноци поврзани со животната средина и не со овој степен на загаденост која ја вдишуваме секоја минута. Овој пат бараме она што следува. Наменски. Сакаме конечно справување со загадувањето, како што беше ветено, наведуваат од О2 Коалиција и ја потсетуваат власта да го реализиа тоа што го ветила во предизборната кампања.

 

После година и пол од формирање, две години од изборите, оваа Влада комплетно потфрли и не го спроведе она што го вети во областа на животна средина“, соопштуваат од Иницијативата О2. „Како итни реформски приоритети во првите 6 месеци, требаше да се воспостави Фонд за животна средина, во кој директно ќе се слеваат средствата добиени од такси за животна средина. Секој таков денар требаше да се намени исклучиво за проекти за подобрување на квалитетот на животната средина. Не само што не се оствари ова ни после година и пол, туку со минатонеделниот ребаланс на буџетот за 2018 се скратија над 2 милиони евра за заштита на животна средина, се вели во соопштението на О2 Иницијатива.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.