Условно ослободени двајцата Македонци обвинети за местење натпревари

Агентот Дејан Сиљановски и Марија Богојевска, партнерка на агентoт Дејан Вељковиќ, се условно ослободени денеска во досието за наместени фудбалски натпревари, соопшти белгиското федерално обвинителство.

 

Сиљановски е ослободен по исплатена кауција, сумата за него не е позната. За кауцијата на неговиот колега, Карим Межати, исплатен е износ од 20 илјади евра, изјави неговиот адвокат, Свен Мари.

 

Богојевска е, исто така условно ослободена, таа од 30 октомври беше пуштена во домашен притвор со електронска алка. Богојевска е осомничена дека му помагала на Вељковиќ во перењето пари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.