Семинар по роботика и напредни технологии во Делчево

Семинар за роботика, информатика и напредни технологии денеска ќе се одржи во Делчево, во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ и Општина Делчево.

 

На семинарот учество ќе земат 220  ученици од општините Делчево, Виница, Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Струмица.

 

Целта на семинарот, како што велат од Општина Делчево,  е младите да добијат поголеми познавање на полето на роботиката и дигиталната технологија, пред сѐ да се прошират познавањата и да се разбуди интересот за роботиката кај младите, а пораката е дека дигиталните компетенции се клучни за професиите на иднината и приоритет од Програмата за трансгранично пријателство меѓу Македонија и Бугарија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.