Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

 На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле" денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер" на новата редовна авионска линија од и кон Виена.

 

Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што оперира од охридскиот аеродром, заедно со веќе воспоставените кон Цирих и Базел. Директна авионска линија од Охрид има и кон Лондон, но поради слаб интерес таа е во мирување до 2 април идната година.

Предвидено е на аеродромот првите патници од Виена да ги пречекаат Алпер Ерсој, генералниот директор на „ТАВ Македонија", Љупчо Јаневски, директор на Агенција за туризам, како и градоначалниците на Охрид и на Струга Јован Стојаноски и Рамиз Мерко.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.