Унгарската опозиција против специјалниот третман на Груевски

Опозицијата во  Националниот парламент Унгарија ја доведе во прашање политиката на азил на власта поради аферата со бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој се бара со меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна.

 

-Унгарската Влада се откажа од политиката за азил, прифаќајки бегалец, обвинува Адам Миркошки од опозициското движење за подобра Унгарија – Јобик, кое е втора политичка сила во Парламетот, објави „Index.hu".

 

Тој воедно прашува и каква улога имале унгарските власти во однос на преминувањето на границите, како и кое министерство, кој и по чија наредба било постапувано во случајот со Груевски.

 

Државниот секретар во канцеларијата на премиерот Виктор Орбан, Балаж Орбан, пак, одговори дека поранешниот македонски премиер Груевски поднел барање за азил, без да наведе во која земја го доставил барањето и дека унагрските власти не биле инволвирани во неговото бегство од Македонија, а барањето било прифатено за разгледување од „безбедносни причини".

 

Тој побарал од опозицијата да престане со „кампањата на дезинформирање" во врска со случајот, особено со прашањата зошто Груевски не се наоѓа во транзитната зона.

 

– Правилата на граничните процедури не мора да бидат применети на лица со посебен третман, вели Балаж Орбан.

 

Со тоа, според унгарските медиуми се потврдува специјалниот третман кој го има Груевски од властите, кои велат дека тоа му е овозможено затоа што бил премиер 10 години.

 

Коментирајќи ги условите во законот за азил, унгарски „Индекс" пишува дека во нив нема ставка според која поранешен премиер може да добие посебен третман, како што е предвидено на пример за деца кои треба да се спојат со нивните семејства или за бремени жени.

 

– Правилата во случајот на Груевски може да се применат само доколку тој се смета за „ранлива личност" со „посебни потреби", вели „Индекс".

 

Пратеникот Арато Гергели од Демократската коалиција, пак, меѓу другото прашува дали е вистина дека Груевски е сместен во некој од имотите на премиерот Орбан. На ова Шаба Домотор од канцеларијата на премиерот Орбан одговори дека „Груевски легално престојува во Унгарија".

 

Од ЛМП – партијата, пак, иницирале формирање на парламентарна комисија за да ја истражи аферата со Груевски. Марта Деметр, копретседавач на партијата на денешната прес-конференција појаснила дека барањето е оправдано поради извештајот дека станува збор за случај со сериозни дипломатски и безбедносни ризици по Унгарија и значајно влијае врз угледот на земјата. Таа потврди дека од партијата поднеле и тужба за илегална миграција и барање до унгарското МНР да бидат објавени сите информации во врска со бегството на Груевски од Македонија во Унгарија





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.