Протестен марш на жените во Косовска Митровица против таксата на увозот од Србија

Жените од српска националност во Косовска Митровица денеска ќе организираат протестен марш со барање за укинување на таксата од 100 отсто што косовската Влада ја воведе на увозот на производи од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Маршот ќе започне на пладне пред канцеларијата на Европската унија, а ќе заврши кај споменикот на кнез Лазар.

 

Од воведувањето на таксата, во Косовска Митровица се одржаа три протестни митинзи, градоначалниците на четири општини во северно Косово поденсоа оставки, а локалните институции ја прекинаа комуникацијата со централните власти во Приштина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.