Со доградба на градинката во Градско зголемен капацитетот за згрижување на деца

Детската градинка „Кокиче“ во Градско е просторно проширена со што е зголемен капацитетот на деца кои може да се згрижат од сегашните 35 на 55. Градинката е проширена за уште 100 метри квадратни.

 

Има уште една занимална и доградена е трпезаријата за што се инвестирани еден милион и 900 илјади денари од Министерството за труд и социјална политика.

 

Преуредена е и внатрешноста на стариот дел од градинката, заменет е мебелот, набавени се нови детски реквизити и опремена е кујната со нови елементи. Средствата во висина од 340 илјади денари се обезбедени од Амбасадата на Полска.

 

– Има голем интерес на родителите од населбата Градско за сместување и згрижување на нивните деца во градинка. Затоа овој проект е во насока на исполнување на нивните барања и потреби, изјави градоначалникот на општина Градско, Роберт Бешовски.

 

Тој најави дека општината ќе поведе постапка градинката да функционира како самостоен правен субјект под ингеренции на Општина Градско.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.