Се гради Скрљавски дол во Криопаланечката населба Скрљава

Во Кривопаланечката населба Скрљава во тек е изградбата на долот со кој ќе се уреди и каналот долж населбата со вкупна должина од 264 метри. Изградбата на „Скрљавски дол“ е задничка инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Крива Паланка.

 

Денеска во обиколка на градежните активности беше градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

 

-Должината на опфатот е од 264 метри, со што ќе се заокружи започнатата градба и ќе се овозможи ефикасно функционирање на каналот. По изградбата на „Сркрљавски дол“, во иднина ќе се овозможи и изградба на дел од улицата „Климент Охридски“, која се протега паралелно со самата регулација, а која веќе е предвидена со деталниот урбанистички план. Со изградбата на овој опфат треба да се регулира поројот, а воедно треба да се реши и проблемот со квалитетен колски пристап за локалното население, рече Мицевски.

 

Градежните активности опфаќаат изградба на долот со цел навремено и квалитетно реализирање на планираната динамика за реализација на градежната сезона во општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.