All for Joomla All for Webmasters

Заев: Никогаш нема да станеме "Северномакедонци"

"Ниту јас, ниту вие, ниту моите деца ќе бидат "северномакедонци". Ова го изјави македонскиот премиер Зоран Заев. Според него иако терминот e "севернa", населението во Македонија останува од Македонци и истакна дека нема друга држава со тоа име, пренесуваат бугарските медиуми од денешниот настан во Скопје.

 

Премиерот ова го изјави во одговор на прашањата: "Како се почувствувал утрото, кога во парламентот 80 пратеници гласаа за промени во Уставот?" И "Како ќе му биде кога неговите деца ќе бидат нарекувани како "северномакедонци"?", поставени од граѓаните за време на јавната дебата за нацрт на Уставот според Преспанскиот договор. Дебатата се одржа на Универзитетот во Скопје.

"27 години се поминати. Можеме да продолжиме да тонеме, но за да го подобриме животот тука, во нашата земја, и за да не станеме држава на пензионери, да ги зачуваме младите, ние се одлучивме на овие чекори. Договорот со Грција го признава македонскиот јазик, нашето самоопределување. Нема да бидеме "северномакедонци" и нема да го носиме срамот на "фиромци". Треба да размислиме што ќе им оставиме на нашите деца", рече Заев, чиј говор беше бурно поздравен од присутните на расправата.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.