Постудено со врнежи од дожд и снег
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Декември 2018
Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север и на некои пониски места ќе бидат од дожд и снег. На повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а на планините ќе се формира и снежна покривка. Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.
Температурата преку денот ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје претпладне со повремен дожд. Попладне со намалување на облачноста и со слаб до умерен претежно северзападен ветер. Температурата ќе достигне 7 степени.
Утре и задутре ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток кога ќе се задржи облачно и ќе започне да дува југоисточен ветер. Утринските температури ќе се спуштат до минус 10 во среда. Утринската во среда ќе остане под нулата насекаде во Македонија и ќе се движи од минус 10 до минус три степени. Утре минималната ќе биде од минус шест до два степена, во четврток од минус осум до минус еден, во петок од минус пет до два степена и во сабота од минус еден до пет.
Дневната температура утре ќе се движи од нула до седум, во среда од еден до осум, во четврток од нула до шест, во петок од три до осум степени и во сабота од пет до 10 степени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс